Ја излези либе на пенџере
Ја излези, либе, на пенџере
да ти видам, либе, бело лице.
Бело лице, либе, црни очи
и твоите, либе, долги коси.
Да ми дадеш, либе, една слика
спомен, мило либе, на љубовта.
Кога ќ’ одам, либе, во туѓина
да ја гледам, либе, ем да плачам.
Ќе ти дадам, лудо, китка цвеќе
да ја носиш, лудо, на туѓина.
Да ја носиш, лудо, на туѓина,
да ја чуваш лудо, три години.
Кога китка, лудо, ќе овене,
бело лице, лудо, потемнело.
Црни очи, лудо, пропаднале,
долги коси, лудо, земја скрила.
1 view
489
135
3 months ago 00:05:39 1
Next Time-Ja Izlezi Gjurgjo
11 months ago 00:06:28 1
Miki Sekulovski - Ja izlezi Gjurgjo (Official Music Video)