Македонија се крена на нозе за 14-годишното девојче кое се изгуби во Центарот на Скопје.

Македонија се крена на нозе за 14-годишното девојче кое се изгуби во Центарот на Скопје. Трет ден полицијата е постојано на терен и се преземаат интензивни мерки и активности. Засега нема нови информации за истрагата. „Меѓаши“ преку меѓународна соработка ги алармира сите земји за девојчето. Но, родителите стравуваат и воедно се прашуваат како да ги заштитиме децата…  Трет ден потрага по исчезнатата Вања. Сè уште ни трага, ни глас од тинејџерката. Граѓаните на нозе, родителите во шок, децата вознемирени. Плакати со нејзиниот лик залепени низ центарот, апел кој ќе ја забележи да даде точна информација на надлежните органи. Полицијата распиша потера, интензивно се бара 14-годишното девојче кое исчезна на патот од дома кон училиштето. Сигналот на нејзиниот телефон се губи на „Партизанска“, спроти Универзална сала. Освен полициските тимови, и ловџиите се вклучија во оваа потрага. Потребна е брза интервенција на Министерството за внатрешни работи, велат од Првата детска амбасада „М
Back to Top