ОХРИД, Документарен филм [ЕП01] | OHRID - Documentary Movie [EP01]
Документарен филм за градот Охрид, прва епизода
NOTE: This is educational material about Macedonian history and traditions of Macedonian people through centuries
Охрид — град во југозападниот дел на Македонија, на североисточното крајбрежје на Охридското Езеро, кое по градот го носи и своето име. Охрид и Охридското Езеро се едни од главните туристички места во Македонија.
Поради големиот број на цркви и манастири, градот е познат како Балкански и Европски Ерусалим.[2] Охрид е познат и како „град на светлината“, што претставува буквален превод на неговото старо име, Лихнид. Охридскиот регион е вклучен во светското населдство на УНЕСКО.
Современиот Охрид е наследник на античкиот Лихнид. Според податоците, градот прв пат се споменува години пред новата ера. Лихнид се наоѓал на патот Виа Егнација, наjстарата и наjзначаjната римска сообраќаjница на Балканот. Бригијците и Енхелеjците го сочинуваат наjстарото население кое може според името да се идентификува во пошироката област на Охридското Езеро. Бригиjците се исто што и Фригиjците.
По Третата македонска воjна против кралот Персеј, Лихнид станува главна римска база во северните области на Македониjа. Тоа е времето кога за него наjмногу се слуша. Последната вест за Лихнид е веста за неговото разурнување. Во еден земјотрес, коj според историските извори се случил на 29 и 30 мај 526 година, настрадале повеќе десетици илjади лица во Лихнид. Потоа градот повеќе не се споменува во историските извори.
Охридската област до 30-тите години на VII век била целосно колонизирана од словенското племе Берзити. Лихнид оттогаш го добил името Охрид.
Охридскиот краj уште во втората половина на VIII век станал привлечно подрачjе за бугарската држава. За време на бугарскиот цар Борис I Михаил македонските територии во воено-административен поглед биле опфатени во неколку „комитати“. Охрид бил во комитатот што ги опфаќал Охридско-деволските краишта. Во 886 година Климент, по краткото задржување во бугарскиот двор, бил испратен во Македониjа со важна државна мисиjа. Тоj бил испратен во областа наречена Кутмичевица како учител. Областа jа опфаќала Југозападна Македонија и Јужна Албанија, со главните градови Охрид и Девол.
Како учител и епископ Климент заедно со Наум ги поставиле основите на т.н. Охридска глаголска книжевна школа. Благодареjќи на деjноста на Климент и Наум, градот Охрид, во втората половина на IX век израснал во еден од наjразвиените и наjпознатите средновековни словенски културни центри.
Во време на царот Самуил, Охрид станал религиозен центар и главен град на царството. Неговите тврдини и ден денес стојат високо над самиот град. Есента 1015 година византискиот император Василиј II успеал да го заземе Охрид, но тврдината останала и понатаму под власта на царот Јован Владислав, наследникот на Гаврило Радомир, син на цар Самуил.
Во Охрид се наоѓа најстариот универзитет во Европа (IX век), додека во местото Плаошник близу градот се наоѓа реставрираната црква Св. Климент чии наоди укажуваат на фактот дека пак таму имало универзитет од XIII век.
Ohrid (Macedonian: Охрид [ˈɔxrit] (About this sound listen)) is a city in the Republic of Macedonia, the seat of Ohrid Municipality. It is the largest city on Lake Ohrid and the eighth-largest city in the country, with over 42,000 inhabitants as of 2002. Ohrid once had 365 churches, one for each day of the year, and has been referred to as a “Jerusalem (of the Balkans)“.[2][4] The city is rich in picturesque houses and monuments, and tourism is predominant. It is located southwest of Skopje, west of Resen and Bitola. In 1979 and in 1980 respectively, Ohrid and Lake Ohrid were accepted as Cultural and Natural World Heritage Sites by UNESCO. Ohrid is one of only 28 sites that are part of UNESCO’s World Heritage that are Cultural as well as Natural sites
There is a legend supported by observations by the 17th century Ottoman traveler Evliya Çelebi that there were 365 chapels within the town boundaries, one for every day of the year. Today this number is significantly smaller.
Church of St. Sophia
Church of St. Panteleimon
Church of St. John at Kaneo
Church of St. Clement[41]
Church of St. George
Church of St. Zaum[42]
Icon Gallery-Ohrid
Monastery of Saint Naum
Church of St. Petka
Church of St. Stefan
Vestiges of basilicas from the early-Christian time, e.g. Basilica of St. Erazmo (4th century)
Robevi family house, museum of archeology
Ancient Theatre of Ohrid
Church of St. Vrači, with frescos from the 14th century. A 14th-century icon from the church is depicted on the obverse of the Macedonian 1000 denars banknote, issued in 1996 and 2003.[43]
Besides being a holy center of the region, it is also the source of knowledge and pan-Slavic literacy. The restored Monastery at Plaošnik was actually one of the oldest Universities in the western world, dating before the 10th century.
Ohrid is also home to Vila Biljana, which serves as an official residence of the Prime Minister of Macedonia.
3 views
519
109
1 year ago 01:01:59 3
ОХРИД, Документарен филм [ЕП01] | OHRID - Documentary Movie [EP01]
1 year ago 00:14:50 3
Ottoman Wars: Skanderbeg and Albanian Rebellion DOCUMENTARY