Како децата од „Мал Битолски Монмартр“ отидоа во кабинетот на Радев

Политички игри или злоупотреба на детските права - Како децата од „Мал Битолски Монмартр“ отидоа во кабинетот на Радев Битолското обвинителсто нема добиено ниту кривична пријава ниту известување за злоупотреба на деца за политички цели од установата мал битолски монмартр кои биле на средба со бугарскиот претседател.. Дека се води таква постапка, вчера информираше министерот Спасовски кој рече дека очекува обвинителството да побара дополнителни насоки за испитување на случајот. Од МВР попладнево информираа дека известувањето било испратено до обвинителството на 17ти, а за да нема проблем во комуникацијата, денеска повторно било доставено. Целиот случај, од културната установа го сметаат за хајка. Велат во време кога двете држави имаат нарушени односи, Мал Битолски Монмартр има добра соработка со Бугарија.. Негираат дека децата биле злоупотребени во политички цели и дека нивните родители не биле информирани дека за време на посетата ќе имаат средба и со политичари од Бугарија. „Со кој мислите вие дека децата се запознаваат 55 години низ цел свет, освен со своите другарчиња? Кој нас не прими во УНЕСКО, претседателот, кој не прими во ЕУ, кој не прима од сите колонии од Хонг-Конг до Португалија? Градоначалник, министер претседатаел. Зошто само Бугарија е проблем. Ние бевме и кај нашиот претседател Стево Пендаровски. Зошто само за Бугарија се активира политичка злоупотреба, јас не знам ни како е формулирано воопшто“, вели Славчо Неделковски, „Мал битолски Монмартр“. Од Прва детска амбасада Меѓаши / First Children’s Embassy Megjashi, ги повикаа институциите да преземат мерки заради вклучување на македонски деца во политичка кампања на странски политичари.. Според Змијанац, и децата требало да бидат прашани дали се согласуваат да имаат средба со Радев и заедничка фотографија. „Ова е тенка граница на културата и уметноста да излезе за политички маркетинг. Не сакам да мислам дека станува збор за смислена индоктринација на децата, или пак, да бидат ставени во злоупотреба до таа цел да родителите не биле информирани точно што се случува со посетата во Бугарија. Јас не знам што бугарски политичари им објаснувале на децата и за што ќе се залагаа за македонските деца, но се додека на децата јасно не им се даде до знаење со каква цел е посетата и каква намера, и тие да се свесни за таа задача што ќе ја извршат таму е инструментализација на децата за политички цели“, вели Драги Змијанац, „Меѓаши“. Инаку престојот во Софија на младите уметници од Македонија е финансиран од бугарскиот бизнисмен Милен Врабески кој се јавува како финансиер и на бугарските клубови во земјава. Во меѓувреме, информацијата дека е можна постапка за посетата кај Радев, предизвика бура политички реакции во Бугарија, главно од поранешната министерка Захариева и Красимир Каракачанов споре кои македонските власти постигнале ново дно и нескриена омраза кон Бугарија.
Back to Top