Меѓуврсничкото насилство во голем дел од случаите потекнува од смејното насилство, односно децата го пресликуваат она што го гледаат дома. Според познавачите на оваа проблематика потребна е поголема едукација и за родителите и за децата, а поголеми чекори треба да се преземаат пред да се случи насилството, а не отпосле.
Ситуацијата со меѓуврсничкото насилство е алармантна. Регистрираните бројки во Министерството за внатрешни работи, укажуваат на тоа дека минатата година во училиштата се случиле 102 настани, од кои најмногу односно 40 биле регистрирани во Скопје. При насилничко однесување повредени се 61 ученик.
Мотивот најчесто бил непознат, а според локацијата најголем дел од настаните се случиле во училишниот двор, училницата, холот, а регистрирани се осум случаи во автобус или на автобуска постојка. Младите се жртви на меѓуврсничко насилство уште од најрана, предучилишна возраст, а во најголем број случаи истото се препушта на уште една обична детска игра.
Детската амбасада „Меѓаши“, го издаде Водичот за превенција и справување на насилство во училиштата и укажаа дека целта е да се препознава насилството, да не се поддржува, да се реагира соодветно и да не се се биде соучесник.
ИЗЈАВА Драги Змијанац-претседател и основач на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“
„Не се оди во стручна служба само кога ќе настане инцидент, туку веќе работат мултисекторски со центрите за социјална работа, бидејќи центрите за социјална работа се тие кои успеваат да детектираат проблем во однесувањето во одредени семејства и на тој начин успеваат да апелираат до воспитно-образовниот кадар, на некое дете да му се посвети посебно внимание за да се отргне од канџите на насилството“.
Родителите велат дека одгледуваат презаштитени деца и дека можеби всушност таму лежи проблемот, но и дека тие носат огромен дел од вината за тоа што се случува меѓу врсниците.
„Лично сметам дека емпатијата се гради и се пресликува. Децата учат од она што го гледаат од родителите и затоа сметам дека овој потег со водичот е одличен и некој да почне да не едуцира нас родителите.“ - вели Катерина Златановска Попова родител.
Учениците пак, велат дека меѓуврсничкото насилство потекнува од новата смисла за хумор, црн хумор.
„Од страна на родителите сметам дека едно нешто што ние како млади го бараме е најмногу од се поддршка, љубов и заштита. Ние истото го добиваме, но во некои оддели толку многу се чувствуваме заштитено што ние самите сакаме да бунтуваме. Од страна на стручните служби, се чувствуваме заштитено но има негативна асоцијација од страна на младите за стручната служба.“ - вели Вероника Петрова ученичка во СУГС ,,Георги Димитров”.
Стручните соработници пак, во училиштата велат дека тие треба да бидат медијатори меѓу наставниците, родителите и учениците, а не да на децата да им се вели дека доколку направиле нешто погрешно праќањето во стручна служба е всушност казна.
„Соработуваме со сите субјекти на училиштето и со родителите и со наставниците. Помагаме таму каде што има некој предизвик, кај детето за да се прилагоди подобро, да ги сфати границите, барањата од училиштето. Да најдеме заедничко нешто помеѓу тоа што очекува родителот од училиштето, што детето може да направи во училиштето и како со наставниците заедно да стигнеме до резултатот.“ - вели Светлана Аспровска Тодоровиќ училишен психолог во СУГС „Георги Димитров”.
Минатата година во МВР биле пријавени вкупно 1097 сторители на семејно насилство, од кои 42 жртви се ќерки, а 50 жртви се синови. Насилството се случува постојано, секаде и во различни форми се препознава, односно вербално, физичко, социјално, сајбер-малтретирање. На околина преостанува да го препознае, помогне и да се преземат соодветни мерки за да не се повтори.
1 view
149
35
7 months ago 00:02:55 22
Врсничко насилство, како да се препознае и превенира, каде затајува општеството (1)
8 months ago 00:03:43 56
Меѓуврсничко насилство
5 years ago 01:31:42 1
Форум театарска претстава на тема меѓуврсничко насилство (Булинг)
6 years ago 00:02:08 11
Нова видео снимка со меѓуврсничко насилство се појави на интернет