В петок ја стартуваме четвртата сезона...

В петок ја стартуваме четвртата сезона... Со нови теми, атрактивни приказни, информации за Македонците Малтежани или малтешките Македонци 😉... Новините во издавањето на работни дозволи, како до автомобил, регистрација и македонски возачки дозволи, што е потребно за изнајмување на стан, отварање на банковна сметка, како до пензија, колку чинат услугите во градинките, со кој документи се запишува детето в училиште, како во средно и што е потребно за на факултет, како се вади патен лист за новороденче, болнички и клинички услуги, работнички права и уште многу потребни и неопходни информации кои се од големо значење за Македонците на островот. Дополнителни информации за оние кои доаѓаат на одмор, на викенд или едноставно на островско-медитеранска забава... Следете не`, на истото место, во истото време, со дел од нашите стари пријатели и плус уште некои нови со кои ќе ве запознаеме и ќе се дружиме низ четвртата сезона, од петок натаму...
Back to Top