Проблемите од ковид пандемијата главен проблем на Меѓународниот ден на детето

Проблемите од ковид пандемијата главен проблем на Меѓународниот ден на детето Пандемијата остава психички последици кај децата. Депресија, тензија, стрес и загриженост за своите и животите на своите најблиски. Ковид пандемијата се најде на врвот на листата проблеми со кои се соочуваат младите повеќе од една година. Ова донесе многу предизвици, но и потешкотии и во следење на наставата, најмногу додека децата беа дома. Во организација на детската амбасада Меѓаши, на Светскиот ден на детето, децата сами ги кажаа своите проблеми. На прес конференцијата учествуваа Едина Мифтароска (13 години), Шејдија Незири (12 години) и Агнеса Чела (13 години) од Дебар, Евгенија Џабирска (14 години), Клара Костадиновска (14 години), Магдалена Петровска (14 години), Кристина Василевска (14 години) Лаура Атансова (13 години) и Јована Дончева (13 години) од Виница, Матеа Ефтимовска (13 години), Антонија Теовска (13 години), Дина Тахир Богатиновска (14 години), Стефанија Петковска (13 години) и Даријан Блажевски (12 го
Back to Top