(филм) 1000 години - Сведок на Светлината

Документарен филм за Бигорскиот Манастир на авторот и режисер Илија Ико Каров На секои илјада години во Бигорскиот манастир процутува по еден цвет, кој сведочи за една друга убавина – не од овој свет. Тоа е токму онаа убавина, оној елемент, петtиот, кој е самата смисла на веќе добро познатите четири елементи. Тоа е токму тој елемент кој многумина мудри и просветлени философи го положиле во центарот, како есенцијална смисла на просветлувањето, оттаму и дека „Убавината ќе го спаси светот“. Всушност „1000 години Сведок на Светлината“ е букет од секогаш присно свежите цветови од илјадалетната градина на Светиот Јован Крстител во Бигорскиот манастир. Овој филм е токму за таа „Убавина“, што веќе еднаш го спаси светот… Благодарност на сите членови на тимот, без кои немаше да се случи овој документарен филм. РЕЖИСЕР & СЦЕНАРИСТ: ИЛИЈА ИКО КАРОВ АКТЕР: БЛАГОЈ ВЕСЕЛИНОВ КИНЕМАТОГРАФ: ИЛИЈА ЖОГОВСКИ МОНТАЖЕР: БРАНКО БЛАЖЕСКИ МОНТАЖЕР: ГОРАН
Back to Top